Сопственик на ресторан си ги дрогирал гостите

popara19 јануари, 20151min00
9

Сопственик на еден кинески ресторан во градот Жанг, на своите гости им ставал опиум во хрната за да повторно се вратат во ресторанот. Тој и признал на полицијата и моментално се наоѓа во затвор.

Имено, сопственикот на ресторанот во август купил семки од маак од кои се прави опиум. Ги мелел и ги додавал во тестенините.

Тој е откриен откако еден од гостите Ли Џуи (26) на рутински тест за време на сообраќајна контрола бил позитивен на дрога. Ниту виновен, ниту должен, полицијата го држела 15 дена во затвор. Меѓутоа, момчето во еден момент се сетило на нешто што би можело да го ослободи.

Со оглед на тоа дека неколку часа пред тоа јадел тестенини, се посомневал во нивната исправност.

Го испратил семејството во ресторанот да ги пробаат. Откако и роднините паднале на тестот, полицијата покрена истрага против сопственикот.

Тие го уапсија и го притворија на десет дена.

Од полицијата рекоа дека необработените семки содржат доволно опиум што со време се наталожува во телото, при што може да создаде зависност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma