Отсекогаш се двоумевте дали на вашата венчавка сакате да носите фустан од сатен или од тантела? Дали сакате корсет или долги ракави? Секси шлиц или длабоко деколте?
Ако сакате мало олеснување, посебно ако оваа сезона сте невеста, задолжително проверете си каков модел на венчаница ви прилега според датумот на раѓање.
Овен
Вие сте љубители на модата, но не сте личност која слепо ги прати трендовите, туку сте вљубени во скапите и квалитетни парчиња облека. На венчавката, невестите родени во овој знак сакаат да изгледаат префинето и да се издвојат со елеганцијата. Кичот никогаш не доаѓа во предвид.
Совршената венчаница за вас е едноставна, бела и со отворен грб. Овните се познати како егоисти, така што пожелно е тие да бидат во центарот на вниманието, а не самиот фустан, па затоа се одлучуваат за минимализам.
Бик
Биковите го сакаат комфорот и затоа со задоволство ќе одберат венчаница во која ќе можат без проблем да гираат цела ноќ. Исто така, бираат облека која ја истакнува нивната самодоверба, па не се чудете ако претераат со нагласување на атрибутите кои ги сакаат.
Секси венчаницата со необичен крој, а лесна за носете е вистинскиот избор. Претесните модели и корсети не доаѓаат во предвид. Венчаницата која лесно паѓа или има А-крој е совршена за раскошната церемонија на невестите во знакот на Бик.
Близнаци
Вие сте моден магнет, ги мешате различните трендови и стилови, а сепак изгледате совршено и складно. Никогаш не можете да се откажете од светките и цирконите затоа што го сакате раскошот кој го симболизираат.
Гламурозната венчаница со златни детали е совршен избор за сите невести родени во знакот на Близнаци. Моделот од матиран материјал со нагласени златни акценти е она што ќе ве направи најсреќни на денот на венчавката.
Рак
Ако треба со еден збор да ги опишете жените родени во овој знак, тогаш тоа би бил зборот елеганција. Раковите се женствени и сакаат класична гардероба.
Совршената венчаница на невестата Рак е со А-крој и без прерамки. Наместо стандардната бела боја, Раковите со задоволство ќе одберат светла крем боја или шампањ нијанса.
Лав
Кога се работи за модата, Лавовите сакаат силни бои и обожаваат да се издвојуваат од топлата. Тие никако не сакаат да се вклопат, туку сакаат да бидат забележани на секој чекор.
Токму затоа на посебниот ден невестите Лавици нема да ја пропуштат можноста да одберат голема и раскошна венчаница која буквално ќе боде очи. Балските модели со помпезен тул се првиот избор со кој нема да погрешите.
Девица
Девиците се женствени, нежни и вечни девојчиња. Сакаат да изгледаат како дами, па затоа секогаш носат нежни пастелни бои кои ја истакнуваат нивната невиност.
Елегантната и долга венчаница со розови мотиви е остварување на секоја невеста Девица. Избегнувајте ги светките и цирконите затоа што тие не соодветствуваат со вашата елеганција.
Вага
Вагите сакаат баланс, златна средина, како во животот така и во гардеробата. Сепак, имате денови кога сакате да експериментирате. Тогаш не се плашите да ја покажете иновативноста, која е вашиот најголем квалитет.
Сепак, вашата венчаница не е голема, во балски фазон како за принцеза. Најдобро ќе се чувствувате во едноставната и затворена венчаница без претерано истакнување на кожата и натрупани детали.
Скорпија
Вие обожавате да комбинирате различни материјали и да го спојувате неспоивото. Креативни сте и самоуверени, а модата за вас е игра.
Затоа што сакате луксуз и секи изглед, со задоволство ќе одберете фустан од сатен, по можност кој ја следи линијата на телото. Долгата опшака од материјал која се влече позади вас исто така е добредојдена.
Стрелец
Стрелците се личности кои пукаат од самодоверба, па обожаваат гардероба со бои и шари кои привлекуваат внимание. Вие бирате алтернативни стилови и решенија, класиката е здодевна и не доаѓа во предвид.
Токму затоа невестите родени во знакот на Стрелец ќе одберат фустан со чуден, необичен крој и несекојдневни мотиви. Моделите со тесен корсет имаат предност, но единствен услов да бидете задоволни од крајниот резултат е венчаницата да биде исцртана и сошиена специјално за вас.
Јарец
Спротивно од Стрелецот, вие сакате едноставна и класична гардероба. Сепак, сакате да додадете свој личен печат на комбинациите кои ги носите.
Токму затоа никогаш не би се појавиле во провокативна венчаница која свети. Не можете да се замислите во венчаница која ви ги стега градите, ви го истенчува струкот или ви ги нагласува колковите. Затоа широката венчаница која лесно паѓа е идеален избор за вас.
Водолија
Вие едноставно не се вклопувате во пропишаните правила на модата, премногу сте поинакви и креативни. Љубител сте на трендовите, но не и на моделите кои ги носи топлата.
Вашата венчаница е уникатна и единствена, па наместо долг фустан како секоја невеста, со задоволство би се одлучиле за краток модел со луксузна тантела.
Риби
Вие сте слободна личност со весел дух, не сакате стеги и граници, а тоа важи и кога бирате гардероба. Романтичарки сте во душа, па затоа го негува нежниот опуштен стил.
Токму затоа традиционалниот фустан не е добар избор. Тој ќе ве задуши. Наместо него, одберете романтичен модел со тантела и долги ракави во бохо стил.