McLaren Special Operations отсекот е во последно време многу зафатен.
Нивната специјална дивизија работи на уште еден уникатен проект, примамливиот McLaren 570S Coupe,пред официјално деби на Pebble Beach Concours d’Elegance. Со завршни детали во сина боја, овој суперавтомобил ќе ве импресионира со беспрекорно дизајниран ентериер, односно кожните тапацири со Carbon црна боја, раб со јаглени влакна и сини акценти на воланот, контролната табла и седиштата.
Не само што McLaren дал прилика да се воодушевуваме на специјалната верзија на 570S моделот, тие за неколку дена ќе претстават и друга Ventura Orange верзија на автомобилот. Таа верзија ќе има различни стилски детали со MSO Definet range of options.
На Pebble Beach, McLaren ќе ги претстави и 650S Le Mans, 674LT и McLaren F1GTR, кои ги добиле на позајмица од BMW North America.