
Дијана Мориќ десет пати била државен првак во џудо и е светски првак во руска боречка дисциплина која ја финансира и промовира Владимир Путин. Паралелно работи како модел и тренер на многу српски манекенки.
Дијана доаѓа од Нови Сад, а родена е 1988 година. Во Србија е носител на пензија за џудо како истакнат спортист. И тоа не е се. Оваа преубава бринета е спортски модел и по целиот свет работи кампањи.

“Тренирам два пати на ден. Наутро правам кондиционен тренинг, а навечер џудо”, вели девојката која во бикини ја покажува неверојатната физичка подготвеност.
Таа вели дека машките не и се плашат, туку најчесто и завидуваат затоа што не можат да го направат она што може таа. Но, нејзиниот дечко дефинитивно не и се плаши.

Дијана има посебен режим на исхрана кој е подготвен специјално за неа и на кој се држи во последните 15 години. Таа вели дека жените можат да се затегнат во рок од два месеци со интензивни тренинзи и режим на исхрана кој таа им го препишува.
“Во иднина планирам да се посветам на тренирањето на жени кои сакаат да изгледаат како мене”, изјави Дијана, а ние сме сигурни дека тоа ќе го сакаат многу жени.

