Станија: „Престанете да ме нарекувате старлета, јас сум академски граѓанин”

popara24 декември, 20151min00
6

Најпознатата српска старлета заминува „во пензија“. Нема веќе разголени фотографии – што видовме до сега, видовме. 

Имено, старлетата Станија Добројевиќ, го најавила своето пензионирање со кое ги растажи илјадниците нејзини фанови кои со години секојдневно ги честеше со свои разголени фотографии од секој агол.

– Престанете да ме нарекувате старлета, јас сум академски граѓанин. Јас сум некој кој заврши факултет. Тоа што започнав еден правец во Србија, не значи дека до крајот на животот ќе бидам старлета – изјавила огорчената Станија на која очигледно ѝ здодеало луѓето да ја ценат поради нејзиниот изглед.

Иако Станија својата титула на „старлета“ кај користела за промовира се` и сешто, сега заклучила дека сепак се повлекува од јавноста и почнува еден целосно нов живот. Единственото прашање е колку ќе потрае сето тоа…