“Symmetry”: Вистинска палата на вода

10 декември, 20150
“Symmetry”: Вистинска палата на вода

На саемот за наутика во Монако оваа година била претставена “Symmetry” – јахтата која моментално е сон на сите богаташи!

Станува збор за јахта долга 180 метри со дизајн кој ги менува правилата на игра и 994 квадратни метри простор со градина, библиотека, приватен спа центар, базени со слатка и солена вода, оваа јахта стана вистински хит.  Таа може да прими повеќе од 80 луѓе.

Гостите на оваа јахта на располагање ќе имаат шест палуби, при што секоја од нив ќе има своја специфична функција и карактер.

Палубата “плажа” има очигледна намена, со лежалки за сончање и базен со солена вода. “Гостинската палуба” има базен со стаклено дно, како и неколку големи вип соби, со приватни ложи и балкони.

Палубата “Хотел” има неколку импресивни особини, како голем спа центар, трпезарија, ложа, бар, градина, теретана и базен на отворено. На “Долната палуба” има детска игротека, која исто така воодушевува, исто како и другите палуби на оваа јахта.

За сопствениците на јахтата има посебна палуба, која има приватна кабина, спа, канцеларија, библиотека и отворен балкон со лежалки и фотелји, кој го краси и фонтана.

https://www.youtube.com/watch?v=kIsp9nQf8RY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi