Танцот на девојче кое не престанува да игра иако ја изгуби својата нога

popara12 април, 20151min00
Танцот на девојче кое не престанува да игра иако ја изгуби својата нога

Алиса Сајзмор не се откажува од танцувањето, иако минатата година ѝ беше ампутирана десната нога.

8-годишната танчарка насолзи многу очи со својот настап. Решителното девојче избра да танцува на баладата „Try“, која упатува порака да се чувствувате убаво во својата кожа и покрај несовршеностите. Во еден момент, Алиса ја вади својата протетичка нога и продолжува да танцува без неа.

 

Докторите не успеале да ѝ ја спасат ногата на малата Алиса по несреќа во мај 2014 година, во која камион ѝ го прегазил стапалото. Знаејќи колку многу сака да танцува, таткото на Алиса направил мало студио во нивниот дом за таа да може да вежба.

„Едноставно не сакав да се откажам. Танцувањето ми е омилена активност од кога имав 4 години. Немам дел од ногата, но не смеам да дозволам тоа да ме запре. Сè уште сакам да танцувам“ – изјавила таа.

Алиса беше поканета да биде дел и од новиот спот на триото Gentri за песната „Dare“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag