Актерката Тара Рид во 2004 година направи липосукција и пластична операција на градите. Таа не била задовлна од резултатите, затоа што операциите довеле до опуштање на кожата. А после тоа, актерката не може или не сака да се здебели.
„Иако бев слаба, направив липосукција затоа што сакав да бидам уште послаба. Но, липосукцијата даде лоши резултати“, своевремено изјави Тара.
Сега, актерката на својот профил на Инстаграм објави фотографии од одморот на кој ужива со своето момче. Веројатно не ни сонувала колкава бура ќе подигне со тие фотографии. Фановите се ужаснати од нејзиниот изглед. Тара, изгледа стравично слабо, речиси анорексично.
Бројни фанови упатија критики на сметка на нејзиниот изглед, но таа едноставно ги игнорираше и објави уште повеќе фотографии од својот одмор, како да ги провоцира.
И додека едни ја поддржуваат, други се и повеќе од груби и безобразни. Сепак, се чини дека Тара воопшто не е вознемирена поради тоа.
Еден фан и` напишал: ’Тара, те молам внимавај на себе! Го пишувам ова без љубомора и омраза. Едноставно навистина сум загрижен.’
Најчестите коментари се поврзани токму со тоа како Тара изгледа опасно, дури и болно слабо. Пред некое време, актерката реагираше на расправите за нејзиниот изглед. „Јас сум девојка со ситни коски, јадам, јадам, јадам и ништо. Ако сакате да ми се лутите затоа што сум слаба, слободно повелете“.