Натпреварувачката во „Ѕвездите на Гранд“, Ивана Милојевиќ синоќешниот настап го посвети на една нејзина драга личност.
https://www.youtube.com/watch?v=Zo3so02jS1M
– Ви благодарам од срце! Овој настап го посветувам на мојот татко кој не доживеа да го изгледа! Те сакам тато! Почивај во мир- напишала Ивана на својот „Фејсбук“ профил споделувајќи ја синоќешната снимка од натпреварот.
Нејзиниот татко починал дента кога е емитувана емисијата, открила Ивана за “Pulsonline”
– На синоќешната снимка тој беше во бекстејџ. Тоа што е емитувано синоќа е снимено порано, а тој вчера пред пладне почина, изјавила Ивана за порталот.
Инаку Ивана се претставила со песната „Bolujem godinama“ на Ivane Selakov,, која ја пофалила како младата колешка ја испеала песната.