Тинејџерка со Даунов синдром стана заштитно лице на моден бренд!

popara14 јули, 20151min00
1

Медлин Стјуарт отсекогаш сакала да стане модел но тоа што е родена со Даунов синдром до сега било пречка. Ама во истрајноста да покаже дека умее да го прави тоа што го сака, Медлин го доби првиот ангажман. Нејзината мајка постојано поставувала нејзини фотографии а во рок од една година девојката ослабела 20 килограми со цел да го сочува своето здравје и да биде во одлична физичка форма. Сето ова се исплати бидејќи американскиот спортски бренд Мanifesta го забележал нејзиниот потенцијал и денес е заштитно лице на оваа куќа.

 

– Како што Медлин им покажува на луѓето дека треба да ги разбијат своите сфаќања за тоа што значи модел, така и ние им докажуваме на луѓето дека модата не мора да биде за одреден тип на луѓе туку достапна за секој, изјавија од брендот.

 

Медлин е вистински пример дека и луѓето со Даунов синдром може да бидат како и сите останати, да работат, да имаат кариера, да се вклучат во секојдневните општествени активности како нормални луѓе. Погледот кон светот треба да се менува! Браво за Медлин и нејзината приказна, инспирира!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag