Удобни се, тренди, и беа хит на модните писти за сезоната есен/зима 2015. Минималистички кај Селин и разнобојни, со принтови кај Москино.
Како да ги носите: За лежерен изглед носете ги со ролка и долги ракави во кои ќе можете да се „изгубите“. Комбинирајте ги со патики.
За во канцеларија, или во поформална пригода, одберете припиен фустан во ненаметливa боја и носете го со куси чизмички на штикла.
Ако сакате да се дотерате, можете да ги комбинирате со впечатлив накит кој ќе го издигне вашиот изглед.
Постојат толку многу стилови од кои што можете да одберете, од струкирани до сосема комотни, за сечиј вкус и секаков облик на тело.