Три хороскопски знаци кои ќе останат самци до крајот на животот

popara18 декември, 20151min00
9

Тоа не значи дека овие три хороскопски знаци се предодредени да биде самци, туку само ќе мора да обрнат внимание на некои црти од својот карактер поради кои среќната врска им „бега“ многу полесно отколку на другите.

Близнаци

За Близнаците карактеристична е љубопитливата, речиси детската природа. Токму таа преголема љубопитливост ги тера во истражување на светот и запознавање на најразлични луѓе. Во тоа им помага нивната комуникативност и тоа што кон луѓето секогаш се пријателски настроени. Ретко кога имаат каков било вид на предрасуди па токму таа особина често ги вовлекува во емотивни невољи. Накратко, ова е најневерниот знак во Зодијакот. За Близнаците е карактеристично за партнер неретко да одберат недостапна личност – или некоја која е сосема незаинтересирана за нив, или некоја која е веќе во врска или во брак. Ако првиот случај е во прашање, во состојба се неутешно да страдаат, но не се откажуваат, бидејќи се убедени дека другата страна сепак ќе се промени. Голем проблем на Близнаците е тоа што главата често им е во облаците па не ја гледаат реално состојбата на работите. Оваа нивна маана доаѓа до израз и кога ќе се вљубат и отпочнат врска со зафатена личност. Сметаат дека е доволно да се биде внимателен и стрплив, па се ќе се преиначи во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, ќе изгубат многу време во исчекувањето на она што го посакуваат и на крајот ќе бидат сосема скршени. Најлошо од се е што тие навистина сакаат брак и деца, но во повеќето случаи не одбираат адекватна личност за реализација. Имајќи предвид дека се многу друштвени и се движат насекаде, запознаваат многу луѓе, а некои од нив им изгледаат интересни, но за нив се само краткротрајна врска. Дури и ако со некого отпочнат семеен живот, среќата е со краток век. Близнаците најмногу ги интригираат новитети и предизвици, но наместо да ги бараат секогаш и наново во некој друг, можеби би требало да бараат начин како да ја зачинат својата врска.
Лав

Вистински претставник на огнен знак – енергичен, забавен и динамичен, така што освојува каде што ќе се појави. Исклучително се зборлести па го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, што им овозможува остварување на најголемите желби – да бидат обожавани и во центарот на вниманието. Врските во кои влегуваат често се исклучиво од сексуална природна, иако другата страна неретко очекува нешто повеќе од тоа. Лавовите се вистински срцекршачи и не водат многу сметка дали некого ќе повредат, дури и кога станува збор за личност со која имаат деца. Меѓутоа, како по правило, и за него секогаш ќе се најде некој кој е фатален. Тогаш е во состојба на таа личност да и го понуди целиот свет, да и приреди најлуди изненадувања и да ја искаже својата љубов на многу необични начини. Колку и да е таа врска интензивна и полна со страст, Лавот на крајот најчесто останува сосема уништен, бидејќи другата страна не може да ја поднесе импулсивноста, брзите одлуки и претераниот авантуризам на еден Лав. Всушност, голем проблем на Лавот е тоа што сака личноста која ја сака секогаш да биде тука за него, а за себе смета дека сепак најдобро функционира кога ништо не го попречува. Без оглед на врската и врскичките по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува осамен, размислувајќи за тоа како животот би му бил сосема поинаков доколку останале заедно.

Водолија

Водолиите се исклучително интелигентни и елоквентни, што во комбинација со нивниот шарм ги прави неодоливи. Меѓутоа, тоа во нивниот случај најчестоо не е предуслов за среќа и емотивна исполнетост. Знаат добро да ги советуваат другите за љубовни проблеми, но кога станува збор за нив, тие самите паѓаат во бездна. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со оние кои не се добри за квалитетен емотивен однос. Иако на Водолијата тоа од почетокот и е јасно, хазардерската природа ги тера да останат во таа врска, бидејќи ги интересира што ќе биде на крајот. Воопшто не знаат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат не 100 туку 200 отсто. Дури и кога ќе влезат во некоја макар приближно нормална врска, на нејзиниот партнер најчесто му пречи тоа што Водолијата не ја интересираат нормите и што на светот гледа со поинакви очи од повеќето луѓе. Кога ќе почувствува дека другата страна се обидува да ја зароби, извесно време можеби ќе се обидува да се адаптира, но најчесто бега како од ѓавол. Тоа ќе го направи дури и ако е во прашање семејство, бидејќи на Водолијата и е помалку важен привидот на идилично семејство од сопствената слобода. Водолијата не сака да игра по ничии правила, туку да живее според сопствените. Во повеќето случаи, за тоа плаќа со самотијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag