Три најголеми „Фејсбук“ измами во моментов

23 декември, 20150
19

Денеска три специфични фејсбук измами се широко распространети. А, ако судиме според сопствените пријатели, на нив се фаќаат и интелигентни луѓе.Еве како да не бидете еден од нив:

1.Подарок за празниците

Еве една фантастична зделка: Купете подарок за празниците и испратете го на еден човек. Во замена за тоа, назад ќе добиете до 36 подароци. Кој не би сакал да добие 36 подароци? Овој великодушен предлог е во соработка со нешто што се нарекува „secret sisters gift exchange“. Има сличен пост со размена на книги за деца, кој е распространет кај нас. Инструкциите водат до класична финансиска пирамида. Почнувате кога праќате подарок на својата прва „тајна сестра“. Потоа преминувате кон втората и уште, и уште. Стоп до тука. Со секое ниво на измамата, кон неа се приклучуваат се повеќе луѓе. Ако испратите 11 подароци, половина од населението на планетата ќе треба да се вклучи за да проработи шемата. А пак шансите да добиете нешто назад се прилично мали.

Како да ја избегнете оваа измама:

Имајте на ум дека секој кој ќе ви понуди огромен поврат на некоја инвестиција, има голема веројатност да се обидува да ве измами.

2.Лотарија измама

Ако од ваш пријател добиете порака на „Фејсбук“, во која се вели дека сте добиле на лотарија голема сума пари, внимавајте. Ова е класична измама. За да го добиете износот, ќе ве натера да преведувате пари за такси и осигурување, а никогаш нема да го видите профитот. Шемата работи така што: Хакер ја пробива лозинката на профилот на ваш пријател, по што ги користи односите и довербата што ја имате меѓу себе, за да ве натера да поверувате во измамата.

Како да се избегне оваа измама:

Ако пријател ви кажува дека сте заработиле нешто, јавете му се на телефон за да дознаете за што станува збор. Не испраќајте пари со надеж дека потоа ќе добиете поголема сума. Ова се нарекува „Advanced fee scam“ и никогаш не завршува добро.

3.Измама со авио билети

Ако сте расположени за патување, може да паднете во искушение од веста дека „Бритиш Ервејс“ нуди бесплатни летови за една година. Едноставно треба да ја споделите сликата, да ја лајкнете страницата и да оставите коментар, за да заработите.
Бидејќи доаѓа од страната на авиокомпанијата, би требало да биде вистина, нели? Не. Тоа исто така е измама. За жал, ова е честа измама, за која се користат лажни страници на светски познати авиокомпании, како што „Delta“, „Virgin Airlines“ и „Qantas“.

Како да се избегне оваа измама:

Тоа што страницата го носи името на авиокомпанијата, не значи дека е вистинска. „Фејсбук“ има начин како да ја потврдува вистинитоста на страниците, а тоа е со сино кругче во едниот агол. Кога ќе го ставите глувчето на кругчето, излегува натпис дека тоа е потврдена страница од социјалната мрежа. Ако тоа не се случи, тогаш значи дека сте на лажна страница.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *