Тридневна диета со портокали за минус 3 килограми

popara6 јануари, 201518min00
23

Постои уште една варијанта на диетатата со портокали. Со овој начин на исхрана можете да изгубите 2-3 кг.

Прв ден

Појадок: Парче црн леб, еден портокал, 100 гр овесни снегулки попарени со врела вода.

Ручек: Парче црн леб, парче печен лосос со сок од лимон и зелена салата. После тоа можете да се засладите со мешавина од 100 гр јогурт, еден портокал и лажичка мед.

Вечера: Мала порција џигер пропржен со малку масло и печурки, неколку маслинки, чаша јогурт и еден портокал.

Втор ден

Појадок: Парче црн леб со тенок слој путер, едно варено јајце и чаша сок од портокал.

Ручек: Варена боранија, салата, парче црн леб со путер, еден портокал.

Вечера: Печено пилешко, пире од компири со тиквици и моркови на пареа. Една чаша јогурт, 100 гр свеж ананас и еден портокал.

Трет ден

Појадок: Парче црн леб со путер, парче сирење и парче диња.

Ручек: Салата од цвекло, моркови и зелка, порција ориз со бело пилешко, еден портокал.

Вечера: Варено пилешко со брокули и карфиол на пареа и еден портокал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag