Убиваш куче? Три години затвор!

popara25 мај, 20151min00
14

Египетски суд осуди на три години затвор четворица мажи поради монструозно убиство на куче, кое беше објавено на видео снимка.

На снимката се гледа како кучето Макс е заврзано на една фреквентна улица во Каиро, а група мажи го бодат со ножеви и мачеви пред погледите на насобрани луѓе.

Меѓу осудените е и сопственикот на животното Мохамед Сајед. Тој дозволил кучето да биде убиено со што имал за цел да го реши долгиот спор со соседите, кои во минатото биле напаѓани од него.

Сајед се наоѓа во бегство и тој е осуден во отсуство. Останатите обвинети биле уапсени пред околу две недели.

Четворицата се осудени според постоечките закони кои забрануваат изживување врз животни и поседување на оружје.