Прошетка по улицата на скршените срца…

popara25 јануари, 20151min00
6

На улицата „Скршени срца“, на аголот со булевар „Разделба“ имаше Бар. Често одев таму и сите знаеа дека пијам водка, но секогаш се изненадуваа од тоа колку многу можам да испијам. Таму светлината беше пригушена и тоа ми се допаѓаше. Никој не можеше да ги забележи моите огромни подочници  од неспиење. Ниту трагите од исушени солзи по моето лице.  Алкохолот секогаш беше силен и евтин и речиси ја утрпнуваше онаа толку свирепа болка, која доаѓаше некаде таму од крајот на градиве, каде што колку се сеќавам требаше да има едно срце.

–        Ајде де! – ќе кажете. Како да не му се случило истото на секој еден од нас.

–        Е да, се случува! – ќе ви одговорам. Но се случува еднаш, а не секој втори четврток во месецот. Како да беше традиција сите да ме откачуваат…

Дури веќе и не прашував зошто. Ги испраќав еден по еден по нивниот пат, а јас се упатував по познатиот булевар кон барот. Кон познатата чаша со горчлив пијалок.

Следната студена и дождовна вечер се се промени. Тогаш кога најмалку очекував, во мојот најдлабок и болно депресивен мрак се појави Тој. На пустата улица пред мојот дом на која имаше високи липи, од кои на пролет се ширеше силен и ведар мирис. Тој ме повика и ме праша за некаква адреса. Јас збунето му одговорив нешто, гледајќи го право во неговите прекрасни очи.

И до ден денес продолжувам да ги гледам. Денес живеам на улица „Љубов“ и само одвреме навреме чашата водка ме навраќа на бледиот спомен за она време.

Не е важно низ колку мрачни улици ќе одите и колку пати ќе се изгубите во мракот. Само одете. Случајно или намерно еден ден и вие ќе налетате на улицата „Љубов“ каде што денес живеам јас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag