
Погледнете како изгледаат некои од најубавите глетки креирани од снег и мраз:
10. Реката Тадами, Аизо, Фукошима, Јапонија
Снегот е најдлабок во Аизо, а мостот кој ги поврзува двете страни на реката Тадами изгледа магично кога целиот предел околу него е препокриен со снег.



9. Реката Снејк, Вајоминг, САД
Оваа река поминува низ разноврсна флора и фауна, а во текот на зимата изгледа посебно волшебна.



8. Водопадите Сноквалми, Сиетл, Вашингтон, САД
Водопадите во Сиетл се обиколени со прекрасна шума која сред зима целата е препокриена во снег и креира бајковита глетка.



7. Синото езерце, Беи, Хокаидо, Јапонија
Ова езерце е добро познато по својата боја и дрвата кои се посебно прекрасни во зима.



6. Сент Јозеф северно пристаниште, Мичиген, САД
Пристаништето е изградено на езерото Мичиген и има два прекрасни светилника кои во зима кога ќе замрзнат изгледаат неверојатно.



5. Глечерот Перито Морено, Провинцијата Санта Круз, Аргентина
Овој монолитен глечер е главна атракција во Патагонија на кој можете да пешачите и да уживате во неверојатната глетка.



4. Раетинската железничка, Швајцарија
Оваа линија велат дека е најубавата во светот, посебно во зима.



3. Езерото Абрахам, Алберта Канада
Температурите знаат да паднат и до -30 степени, па езерото замрзнува, а во него се креираат неверојатни кругови од меурите од гасот кој се ослободува.



2. Сината река, Гренланд
Реката се создава од глечерите кои се топат и формата ја менува секоја година, но секогаш е едно од најдобрите места за кајакарење – кристално чиста вода под бела површина.



1. Бајкалското езеро, Сибир, Русија
Најдлабокото и најстарото езеро на светот кое изгледа волшебно додека е замрзнато во зима.


