
Личниот број се смета за среќен за оној кој го поседува. Постојат девет едноцифрени броеви и според нумерологијата, секој човек има три броеви кои влијаат врз него: духовниот број, судбинскиот број и бројот на името.
Духовниот број многу лесно се пресметува. Сè што треба да направите е да ги соберете броевите кои се содржат во вашиот датум на раѓање. На пример, ако сте родени на 23 јули, вашиот духовен број е 2+3=5, односно бројот 5.
Бројот на името се добива така што ги собирате броевите на буквите од вашето име според табелата подолу. Исто како и со судбинскиот број, така и со бројот на името вие треба да собирате сè додека не добиете едноцифрен број.
A, И, Ј = 1
Б K, Ќ, Р =2
Ц, Г, Л, С, Ч, Џ, Ш, Љ =3
Д, M, T, Џ, Ѓ =4
Е, Х, Н, Њ, Ѕ =5
У, В =6
О, З, Ж =7
Ф, П = 8
На пример, Петар Петровски: 8+5+4+1+2+8+5+4+2+7+6+3+2+1=58; 5+8=13; 1+3=4. Во овој случај, бројот на името на оваа личност е 2.
Откако ќе ги пресметате вашите 3 броеви, погледнете го нивното значење и откријте нешто повеќе за вас и вашата среќа…
1 – Личностите со овој број се силни, а понекогаш и егоистични бидејќи секогаш тргнуваат од себеси. Имаат висока интелигенција и се предодредени за среќа. Тие се енергични, а понекогаш поради емоциите делуваат растроено.
2 – Овој број носи среќа, но и задоволство. Се работи за дарежливи и страсни личности кои се чувствителни, сентиментални и многу романтични.
3 – Станува збор за возвишен број чии припадници најчесто се предодредени за големи нешта. Тие се многу интелигентни, духовни и често имаат шесто сетило. Тие однапред знаат некои нешта, претчувствуваат и неретко служат за пренесување важни пораки на човештвото.
4 – Овој број претставува солидарност, обврска и целосна посветеност од личноста која го носи. Тие се професионални и интелектуални. Нивната предност е слободоумноста, бидејќи во нив не постојат табу теми. Тие се комплексни, одлични пријатели, партнери, деца, родители… На овие личности секогаш можете да сметате.
5 – Социјални личности, вистински светски патници. Тие ја обожаваат природата, дружењето и движењето. Ним најмногу им одговара живот во голем град, како и работа преку која ќе комуницираат со многу луѓе. Освен леснотијата во комуникацијата, тие се одликуваат и со енергичност, веселост и знаење како да уживаат во животот.
6 – Овој број е поврзан со работа, па неговите припадници се секогаш способни и добро подготвени, организирани и често интелигентни. Тие се одговорни родители, а најмногу им лежат професорските позиции.
7 – Станува збор за број кој е инспириран од уметноста. Припадниците на овој број се уметнички души кои се бават со сликарство, музика или нешто слично. Меѓу нив се кријат најголемите уметници, а покрај смислата за убавото, тие често и физички добро изгледаат.
8 – Овој број е кармички, па често неговите припадници живеат различно од другите луѓе. Тие се смирени, често повлечени и својот приватен живот и мисли ги држат за себе, криејќи ги од околината. Тие се мистериозни и таинствени.
9 – На овие личности им треба многу простор, сакаат авантури и ризик. Тие знаат како да уживаат во својот живот. Често се револуционерни, посебни, различни и ја прошируваат свесноста за реформите и за новите начини на живеење. Тие секогаш сакаат промени, нешто различно и нешто ново.
One comment
Renata
20 ноември, 2015 at 12:55
Ubava statija ……ima vistina ova so broevite!