
Уживајте во викендот со вкусен десерт.
Потребни состојки:
2 чаши брашно
1/3 чаша шеќер
3 лажици растопен путер
2 јајца
1 1/2 чаша млеко
2 испасирани банани
1 кафена лажичка пециво
изрендана кора од половина портокал
ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете ги шеќерот, јајцата и путерот и измиксајте добро. Потоа додадете ги испасираните банани, кората од портокал и ванилиниот шеќер.
Во друг сад измешајте ги брашното и пецивото и истурете ги во претходно подготвената смеса. Мешајте се додека таа не стане хомогена.
Пржете ги на умерена температура. Не е потребно да ставате масло во тавата за да не ви се залепат палачинките, затоа што веќе има во смесата.
Сервирајте со блага павлака.