Внимавајте: Еден од најопасните вируси за Ајфон досега!

6 февруари, 20150
11

Генерално, iOS оперативниот систем е познат по својата сигурност и отпорност на вируси. Сепак, компанијата Trend Micro објави дека низ одбраната на Apple се „протнал“ сериозен вирус…

Овој вирус ги напаѓа уредите со, но и без џејлбрејк, што значи дека сите се под опасност. Се што корисникот треба да направи за да го зарази уредот е да кликне на екстерен линк (кој се праќа преку SMS/мејл/веб-страна) и потоа вирусот се инсталира. Името на вирусот е Xagent и стратегијата на неговите креатори е да нападна што е можно повеќе обични корисници, со цел понатаму да се прошири до владини лица и други високи функционери. Што всушност прави вирусот?

Откако ќе се инсталира, тој ги краде вашите податоци и ги праќа на надворешен сервер. Ова значи дека ви троши интернет (Wi-Fi или 3G/4G), а сите ваши контакти, пораки, локации, гласовни пораки и слики се компромитирани.

Засега вирусот е невозможно да се тргне од iOS 7 (сам се рестартира), додека пак iOS 8 го блокира откако ќе го прекинете. Наш совет е да внимавате на линковите кои ги отварате и да не давате никакви пермисии за инсталација на апликации надвор од App Store.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş