Во 2018-та Lamborghini ќе лансира SUV модел

31 мај, 20150
3

Lamborghini Urus конечно доби зелено светло. Ќе се произведува во Италија, за што ќе бидат инвестирани стотици милиони евра. На пазарот се очекува во 2018 година, што кажува дека сé досега неговиот развој тапкал во место. Новиот италијански SUV веќе долго време се подготвува во германската кујна, каде додека готвачите се караа меѓу себе како да го зачинат шефот на кујната не сакаше ни да им го вклучи шпоретот. Како концепт беше претставен на салонот во Пекинг во април 2012 година, а во два наврати стигнуваа навестувања дека ќе биде одобрен за сериско производство.

Најновата вест е повеќе од официјална и ја пласираше Audi, под чија капа работи италијанскиот спортски производител. Освен дека се очекува пласман на 3.000 примероци годишно од него, во неа не се кажува ништо за самиот модел – не би нé зачудило ако многу работи сé уште не се дефинирани бидејќи челниците во Инголштат и Волфсбург досега се занимаваа со организација на неговото производство. Сега, со помош на италијанското министерство за економски развој, италијанската агенција за домашни инвестиции, локалните власти на Емилија Ромања и синдикатитите, и тоа е решено. Фабриката на Lamborghini во Сант’Агата Болоњезе, очигледно со издашна италијанска помош, ќе биде проширена од сегашните 80 илјади на 150 илјади квадратни метри и ќе бидат вработени 500 лица. Како алтернатива досега се разгледуваа словачките капацитети на Volkswagen, каде се произведуваат останатите големи теренци на групацијата, со кои Urus ќе има многу работи заеднички. Главни пазари за него се очекува да бидат САД, Кина, Блискиот Исток, Германија и Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi