За да ви тргне годината: Ослободете се од мислите кои ве влечат наназад…

2 јануари, 20150
14

За да ви тргне годината, својата енергија треба да ја насочите исклучиво кон иднината и постигнување на зацртаните цели, а тоа ќе биде возможно само ако се ослободите од мислите кои ве влечат наназад.

За 2015-та да биде поуспешна од сите претходни, вреди да ги донесете овие одлуки до крајот на овој месец:

1. Престанете да мислите дека не сте таму каде што би требало – Поставете си цели и трудете се да напредувате, жалењето оставете го во изминатата година.


2. Ослободете се од шаблоните кои ви го попречуваат напредокот
– Време е да бидете покреативни и попозитивни!


3. Оставете ги мислите дека вашите проблеми траат вечно
– Сите искушенија и проблеми се моментални, но научените лекции од нив се богатство кое го носите со себе цел живот.


4. Не ја трескајте главата ако не разберете нешто во првата секунда
– Она што денес ви се чини дека нема смисла, еден ден ќе ви изгледа сосема логично.


5. Засекогаш напуштете ја мислата дека работите не ви одат од раце
– Се е многу подобро отколку што ви изгледа. Ценето го она што го имате затоа што секогаш постои можност работите да се влошат.


6. Престанете да се прашувате зошто нешто ви се случува токму вам
– Наместо да си поставувате реторички прашања, извлечете поука од ситуацијата.


7. Исклучете го нагонот да ги контролирате сите работи во животот
– Можеби нема да имате се што ќе посакате, но признајте, барем ќе имате мир и спокој.


8. Престанете да мислите дека грешките се најлошото нешто во животот
– Секоја грешка е лекција која еден ден ќе ви биде од голема помош.


9. Отстранете ја потребата секогаш да бидете во право
– Докажувањето на туѓите грешки не значи дека сте во право. Ако сте сигурни во својот избор, нема потреба да се докажувате.


10. Никогаш не кажувајте дека е предоцна
– Вашите соништа се важни и тука се со причина. Следете го срцето и ќе бидете многу поуспешни, послободни и посреќни!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi