Потребни состојки:
3 јајца
1 компир
50 мл млеко
50 гр рендано сирење
1 лажица маслиново масло
Сол по вкус
Начин на подготовка:
Скршете ги јајцата и изматете ги со сол, а потоа се додава ренданото сирење и се меша смесата со вилушка.
На крајот се додава млекото и полека се меша со вилушката. Премачкајте една тава за печење со маслиновото масло.
Компирот се вари и се сече на тенки кришки кои потоа се додаваат во смесата со јајца.
Се додава малку масло и малку сол, па смесата потоа се става во тавата за печење.
Се пече од 15 до 20 минути на 180 степени во загреана рерна или додека не зарумени.