За скромниот милионер што работеше на бензиска пумпа

popara9 февруари, 20151min00
2

Роналд Рид, поранешен вработен на бензинска пумпа, живеел толку штедливо што имал навика да сече и собира сам дрвја за греење и мразел да прави непотребни трошоци и да троши било што.

Покрај вештината да живее сиромашно, жителот на Вермонт, кој работел до 76-годишна возраст и умира на 92 години, минатата година, исто така имал талент да избира акции, во кои што ќе инвестира. Ова сепак станува јасно едвај откако тој умира и заштедува 6 милиони долари, од кои најголем дел подарува на локална библиотека и болница.

Рид, кој бил познат со волнената блуза и бејзбол капа, на никаков начин не изгледал како милионер, бидејќи проживеал доволно и не сакал да дава ни најмал знак дека поседува значително богатство.

Неговиот адвокат Лори Роуел раскажува дека Рид понекогаш паркирал далеку, кога требало да ја посети неговата канцеларија, за да не плаќа за паркинг. Тој исто така возел Toyota Yaris втора употреба.

„Никогаш немаше да погодам дека овој човек е милионер”, вели Роуел.

„Последниот пат, кога дојде тука, тој го паркираше автомобилот подалеку, каде што паркирањето е бесплатно, за да заштеди пари“.

Според неговите пријатели и роднини единствената индикација дека Рид достинал 8 милиони долари, била навиката да го чита весникот Wall Street Journal. Според Роуел инвестициите што Рид ги направил, поскапеле значително во текот на годините.

„Бев многу изненаден”, вели пријател на Рид- Филип Браун од Њу Хамшир. „Тој работеше напорно, но не мислам дека некој имаше идеја дека е мултимилионер.” Роуел вели уште дека пред неговата смрт на 2 јуни 2014 година единственото задоволство што си го дозволувал, било да појадува во локално кафуле, каде еднаш друг посетител му ја платил сметката без негово знаење, бидејќи по неговиот изглед проценил дека Рид нема како да плати сам.

Локалната болница и библиотека сега ќе имаат корист од скромниот живот на Рид и од вештината да инвестира. Тојоставил 4.8 милиони долари на Brattleboro Memorial Hospital, како и 1.2 милиони долари на библиотеката Brooks Memorial. Тоа се и најголемите донации кои ги примале некогаш и двете јавни претпријатија. Освен тоа Рид е направил и други помали.

Скромниот милионер работел на бензиска станица во текот на 25 години, по што имал своја локална продавница на JC Penney во текот на 17 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag