Забранетата реклама за најтенкиот телефон во светот

27 февруари, 20150
Забранетата реклама за најтенкиот телефон во светот

Телевизиската реклама за најтенкиот телефон во светот е забранета во Обединетото Кралство затоа што жените ги претставува како објекти.

Агенцијата за стандарди во рекламирањето реагираше на „сексуално сугестивните“ сцени кои што би можеле да навредат некои од гледачите.

Агенцијата која тврди дека со рекламата само се обидела да истакне колку е тенок телефонот, примила осум поплаки за рекламата.

„Голем дел од рекламата е фокусиран врз актерката во долна облека, вклучително и сцените каде во крупен кадар се гледаат нејзините гради, задникот и усните, што сметаме дека е сексуално сугестивно. Освен тоа, ефектите се засилени со сугестивната природа на музиката и нарацијата, особено затоа што фокусот врз жената нема никакво значење за рекламирањето на производот“, пишува во образложението до Агенцијата.

https://www.youtube.com/watch?v=_AXU5QYtOQc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi