Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Александра Михова

popara15 октомври, 20152min00
11

Започнавме со нова рубрика со која ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“.

Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат. Денес ви ја претставуваме Александра.

Александра Михова е родена во Кавадарци 1989. година. Има 26 години. Средно училиште завршила во Гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци. Студирала на Факултетот за туризам и угостителство.

Еве што вели Александра за себе:

“Од 17 години започнав со живи свирки во кафулињата и дискотеките во земјава. До ден денес го работам тоа. Имам настапувано на повеќе фестивали, меѓу кои Скопскиот фестивал, каде ја исполнив нумерата “Срце чува спомени”, Макфест со “Ти си само сон” и Охрид фест со нумерата која носи наслов “Своја”. Сите три композиции се дела на Андријана Јаневска.

Песната “Ништо не остана” за која има снимено и видео запис, е дело на Столе Аврамов.

Во 2011 година учествував во првиот Македонски идол, каде влегов во првите 20 финалисти.

Слушам секаков вид на музика, во зависност од расположението, но најмногу уживам во џез. И се восхитувам на светски познатата Бијонсе, а ја обожавам и Лана Дел Реј.

Сметам дека не е само пеењето единствено важно во оваа работа. За да бидеш успешен треба целокупен пакет. Чувство за ритам, играње, изглед, однесување на сцената, а мене настапите на живите свирки ми помогнаа најмногу.

Уживам да читам книги и да гледам филмови. Признавам дека не сум тип кој се придржува само кон здрава исхрана. Сакам да јадам пица, сендвичи и да пијам пиво.

Ги сакам животните. Го сакам животот и природата. Сакам луѓе кои знаат да ме насмеат. Верувам во љубовта”.

Доколку сакате да дознаете повеќе за неа и останатите учесници на Првото Македонско Реално Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

1 2 4 5 7 6