Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу НИА: Виолета Јованџикова

19 октомври, 20150
в1

Со воведувањето на оваа рубрика, поради големиот интерес на македонската јавност ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“.

Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат.

Виолета Јованџикова е родена на 05.12.1992 год во Гевгелија каде што го завршила и своето основно образование. Во моментот студира на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

в1

Во основно училиште таа била дел од училишниот хор, каде вели започнала и нејзината кариера. Јавно, за прв пат се појавила во шоуто “ Сите наши песни” во 2012. година. Исто така Вики била една од 15-те избрани учесници од Македонија кои заминале во Белград на шоуто “Звездите на Гранд” 2014. година.

Вики вели “Имам песна која што ќе ја промовирам по завршувањето на шоуто, воедно и моја прва песна”.

в3

Во моментов таа е дел од Првото Македонско Музичко Реално Шоу “НА ИСТА АДРЕСА”, кое се емитува на Алфа телевизија. Синоќа таа имаше одличен настап и уште еднаш го покажа својот моќен глас. Сигурни сме дека цврсто ќе чекори и до самото финале.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Вики и останатите учесници на Првото Македонско Реално Музичко Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi