Затемнете ја косата со помош на кафе

25 јануари, 20150
5

Девојките кои имаат здрава и негувана коса, не се родиле со таква, туку за разлика од останатите тие ја одржувале со правилно негување.

Ако сте забележале дека боите за коса кои ги купувате во продавница, агресивно делуваат на косата и содржат хидроген кој дополнително ја прави сува, тогаш време е да посегнете по природни препарати.

Пробајте го овој безопасен рецепт, кој ќе ви помогне да ги сокриете белите влакна и на природен начин да ја бојадисате темната коса.

Потребни состојки:

Кафе – потребни ви се 3 до 4 кафени лажички инстант кафе (во зависност од должината на косата) Исто така можете да искористите и една чаша свежо црно кафе.

Регенератор за коса или јогурт – половина чаша

Начин на употреба:

Во стаклен сад помешајте го кафето и регенераторот за коса. Мешајте додека не добиете смеса, а потоа ставете еден пешкир околу врат за да ја заштитите облеката. Со помош на четка за бојадисување или со помош на прстите, добиената фарба нанесете ја на косата.

Најдобро ќе ја нанесете ако започнете од коренот на косата кон врвовите. Кога ќе ја поминете целата должина на косата, дополнително додајте повторно фарба со помош на прстите.

Косата исчеткајте ја и врзете ја во пунџа. Потоа ставете пластична кеса или алуминиумска фолија за косата побрзо да ја „прими” фарбата. Оставете ја да дејствува 1 час, а ако сакате потемна боја, тогаш оставете ја дополнителни 30 минути. Мијте ја косата, додека не стане целосно чиста.

Дополнителни совети:

– Ако за првпат ја третирате косата на овој начин, истото направете го и следниот ден.

– Ако имате бела коса или светла боја на коса, немојте да ја фарбате со овој третман.

– Ако во комбинација додадете и природна кана, косата ќе изгледа здрава, ќе добие прекрасен сјај и фарбата ќе се задржи подолго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş