Како треба да се однесува „вистинската“ жена

popara12 јануари, 20151min00
7

Вистинската жена не трча по среќата. Таа воопшто по ништо не трча. Трчањето по среќата или било што друго е најпопуларниот и воедно најглупавиот спорт. Вистинската жена не се занимава со ваква активност. Не очекува вистинскиот живот да и почне кога…(кога најпосле ќе ослабне, кога ќе го сретне принцот, кога ќе се случи ова или она и.т.н.)

Да си жена е вистинска привилегија и таа тоа го знае. Таа ја култивира во себе женственоста на сите нивоа: внатрешно(чувства и мисли) и надворешно (тело, стил и однесување).

Таа живее со сопствено темпо. Кога живеете премногу бавно имате чувство дека тоа не е живот. Кога живеете премногу брзо, не успавате да го почувствувате. Вистинската жена живее така за да може да прави што сака, без притоа да го губи вкусот на животот.

Вистинската жена се поставува секогаш себе си на прво место. И тоа не значи дека е егоист, бездушна, рамнодушна или цинична. Таа не вели да, ако срцето и вели не. И секогаш се слуша себе си и се доверува на своите чувства.

Вистинската жена не плаќа данок наречен општествено мислење. За неа не важат правилата: омажена-неомажена, нормално-ненормално, сама-во врска, како сите-не како сите. Таа многу добро знае дека мисијата да им се допаднеш на сите е невозможна мисија.

Вистинската жена не се бори со препреките во животот, таа знае да ги заобиколи. Таа се ослонува не на силата туку на својата флексибилност.

Осаменоста е подарок за вистинската жена. Периодите на осаменост, а има и такви, таа ги цени и ги сака. Таа не се стреми да внесе во својот живот случајни непознати мажи, само и само да не остане на само со себе си.

Таа ги сака своите  години и не ги крие. Таа философија е оправдување за оние кои ги користат годините како параван на своите стравови и комплекси. Таа не се стреми да изгледа како 20 годишна девица и никого не се обидува да го залажува  со тоа. Таа знае дека секоја возраст има своја убавина, сексапил и шарм.

Таа има сопствен живот. Ова значи дeка таа знае да води сметка за себе, своите лични потреби, и да најде време да се дружи со пријателите и роднините. Патувајќи, бара авантура и не очекува нејзиниот дечко да и биде целиот свет.
Таа никогаш не го прави првиот чекор. За ова прашање се дискутира до бесконечност. Еспертите веруваат дека мажите сакаат жена која тоа не го прави. Таа всушност им сугерира на мажите да иницираат и планираат состаноци. Нејзините причини за ова се: ако таа секогаш ѕвони, никогаш нема да биде сигурна дали тој е заинтересиран или таа само успева да го убеди. Заради ова жените толку често се преиспитуваат. Мажите не се така програмирани.
Таа е секси, но не и нападна. Како што се развива врската и станувате интимни, допирањето во јавност на мажите им се чини пристојно. Сепак, треба да се знае во кој момент смеете да тргнете во поход под масата, а тоа нему да не му смета.
Таа чека. Иако секс револуцијата одамна помина, некои работи значително не се променија. Затоа, многу мажи исклучително ценат кога нивната партнерка е стрплива и кога одмерено гледа на прашањето за сексуалне однос. Доколку прерано отидете во кревет, постои ризик дека ќе  го уништите тоа што постои меѓу Вас, освен сексот. Експертите советуваат да причекате барем месец дена пред да станете толку интимни.
Таа воведува мали новини како би покажала дека се грижи за врската. Таа нема време да направи нешто за јадење, но таа тоа го прави само заради него. Ова е само едно од нештата кои мажите сакаат за нив да го направи партнерката. На овој начин покажувате дека водите сметка за неговите потреби. Секако, и тој би требало исто да се однесува спрема Вас.
Таа е негова поддршка. Му помага добро да изгледа пред шефот, се смее на негови шеги, му помага да зрачи со полн сјај кога тоа е потребно. И повторно, тој би требало да се реваншира на истиот начин.
Таа не му врши притисок. Мажите имаат одбивност кон притисоците. Затоа таа избегнува постојано да му ѕвони, праќа СМС пораки и е-меилови и пречесто да спомнува планови за иднината. Всушност, зборот кој почнува на “Б…” би требало да го исфрлите од Вашиот речник. Мажите не сакаат да ги притискате…тие сакаат да уживаат во тоа што го имаат.
Таа не поднесува лошо однесување. Добрата жена не поднесува лошо однесување и тоа е тоа што мажите го ценат. Доколку знаат дека постои казна за грешка каква што е неверство, повеќе ќе ја почитуваат својата партнерка.
Добрата жена секогаш одбира добар маж. Тоа значи дека треба секогаш да го барате оној кој е чесен и на кој што можете да се потпрете. Ако каже дека излегол на кафе во тој и тој бар, тогаш тој е таму. И точка! Добрите манири се добар показател за тоа каков маж е тој всушност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag