
Последната емитувана емисија на Ѕвездите на Гранд која македонската публика ќе ја гледа во следниве денови медиумите ја окарактеризираа како една од највозбудливите до сега.
Сите кандидати го дадоа својот максимум. Дуња Поповиќ и овој пат се потруди да остане впечатлива. На сцената се појави со маска на лицето во долг црн фустан, а за време на изведбата на песната на Северина ја соблече, за да потоа остане во венчаница.
Жирито со овации го проследи нејзиниот настап, а подоцна го пофали нејзиниот труд.
Од третата минута погледнете го настапот на Дуња.
https://www.youtube.com/watch?v=oS7xd6bfetY