Фотографот кој се прославил со фотографијата од старицата од Виетнам, која со рацете го покрива своето лице, довела до големи промени во нејзиниот живот.
Целата приказна започнала во летото 2011. година, во Хој Ан во Виетнам. Рехан, фотограф кој бил во посета на Виетнам, ја запознал Буи Ту Ксонг, Виетнамка кога тогаш имала 74. години.
Кога ја фотографирал, ни таа, а ни тој не замислувале дека оваа старица ќе стане супер позната ширум целиот свет. Таа била срамежлива и сиромашна жена, која не била навикната да се фотографира, па инстинктивно го покрила лицето со рацете.
Рехан тој нејзин портрет го искористил како насловна фотографија за кориците на својата книга, затоа што таа за него била симбол за радување во животот без разлика на староста и сиромаштијата.
Тој на Буи ѝ ветил дека ќе ѝ купи нов брод доколку книгата успее, бидејќи бродот со кој управувала кога ја запознал бил стар, па туристите се плашеле да пловат на него.
По шест месеци Рехан го исполнил ветувањето. Фотографијата станала толку популарна, што таа дури пет пати се појавила не телевизија и станал позната низ цел Виетнам. Со новиот брод денес старицата има повеќе работа од било кога.