Знаци кои ќе ти покажат дека те користи само за секс

12 октомври, 20150
2
Жени, извинете. Кога ние мажите сме возбудени имаме тенденција да се однесуваме како кучиња – задишани сме, мрдаме со “опавчето” и со погледот ве молиме како да држите коска во рацете. Ако сте загрижени дали момчето со кое се гледате го сака “само тоа” од вас еве како да препознате…

Тој ја прескокнува предиграта – Колку пати сте го задоволиле орално ова момче? Повеќепати а? А тоа никогаш не ви возвраќа на услугата? Тоа звучи како тој да си го добива само тоа што си го сака и толку.

Не ве запознава со неговите пријатели – Доколку навистина му е дојдено до вас, ќе ве запознае со сите негови пријатели со кои го минува слободното време.

Никогаш не се интересира за вашите пријателки. Или вашето семејство. Или работата – Истата логика – доколу тој од вас сака само секс, ќе ги избегне сите непотребни компликации и разговори на овие теми погоре. Но кога ќе биде подготвен за врска, вашиот персонален живот нема да му изгледа толку комплициран и тоа како ќе биде заинтересиран за се’ во врска со него.


Малку е зафатен да прави планови со вас – Вие: “Можеби треба да правиме нешто заедно за виекндот”, Тој: “Можеби… ќе видиме”, Вие: “Не, сериозно! Може да одиме на кино на пример”, Тој: “Па ќе видиме, некако не ми се оди да гледам филм во киносала”, Вие: “Епа тогаш, може да одиме на вечера”, Toj: “Па имав некои други планови за вечера” … ваквата конверзација не е во ред. Тој ве “откачува”. Па дури и вие да сте не се обиделе да иницирате некоја несексуална средба, тој би требало дефинитивно!

Ви пишува кога е излезен, но само за да ве викне кај него дома – Доколку сакате да сте “на повик за секс” и немате никаков проблем со тоа – ок. Но не се обидувајте да се убедите себеси дека за нешто друго станува збор – дека има нешто друго помеѓу вас.

Тој не ги сака девојките на своите другари и јасно го кажува тоа – “Девојката на Џон е страшна глупача. И Френк откако започна да се гледа со Диана се оденсува како да има 80 години” – доколку вашето “момче” не знае да каже ништо добро за девојките на неговите пријатели, најверојатно не е заинтересиран ниту тој да се “врзе”.

Тој е многу добар во потсетувањето да не заборавите нешто кај него – “Не си ја заборавај кошулата. О да, еве ти го и прслучето. И карминот. И шноличката за коса! Иии овој флаер ко да ти испаднал од ташна… да го фрлам или ќе го земеш?”…


Тој никогаш не ви подготвува (или ве носи на) појадок – Има нешто многу интимно во врска со оброкот утрото откако ќе се разбудите заедно. Доколку навистина е заинтересиран за вас нема туку-така да ве испрати дома. Но доколку не е, најверојатно сам ќе ве потсети дека е време да си заминете.

Тој прави се’ да биде сексуално – Вие сте направиле одлична презентација на работа дента, а тој за тоа: “Уф, којзнае колку си изгледала секси во одело и со стапе во раката”. Вие сте инсталирале ново осветлување дома на подесување на светлината, а тој: “Ах, одвај чекам да те видам гола на придушена светлина”. Можеби дури сте креирале и апликација која ги полни батериите на мобилните телефони со повлекување на статичка енергија од возудхот, а тој ги симнува панталоните и додава: “ММммм, можеби можеме да повлечеме нешто и од овде” – Изгледа дека момчево не знае како да ви даде комплимент, а? Па не баш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi