Знаците на Зодијакот и нивните лаги, измами, неискреност…

29 септември, 20150
27

ОВЕН

Овните лесно се лутат и стануваат агресивни ,а тоа е затоа што се многу плашливи особи. Овој знак е секогаш спремен за акција a е плашливец што го објаснува и неговиот темперамент кој му служи како оружје и заштита.Никогаш нема да ви признае но секој Овен е свесен дека многу ќе си помогне ако го контролира бесот. Ако се впуштите во романса со овие вжарени глави бидете сигурни дека ќе знаете да ги штитите своите интереси. Освен тоа мора да се потрудите да им бидете интересни бидејки досадата ја лечат со кавга.

БИК

Никогаш нема да ви кажат но секој бик сака некој да се грижи за него.Потајно сакаат сигурност.Големи хедонисти се.Чуството за несигурност ги прави да трупаат пари и матeријални добра па така можат во тешки моменти да станат и спонзори од најтежок тип.Многу се чуствителни па можат да сватат дека сигурноста произлегува од нивното верување во себе а не во матреијалните добра.Не треба да се чудите ако под душекот најдете пари кои ке ги сокријат од вас.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се прикриени шизофреничари. Имаат подвоена личност, и никогаш нема да бидете сигурни со кого го поминувате времето, дали ве привлекла неговата резервираност и страмежливост или дивјак кој урла и така ја исфрла вишокот на енергија.Тие и самите себе некогаш не можат да се препознаат. Секоја пресвртница во животот и нив самите ги збунува.

РАК

Раковите се големи плачковци, па така секогаш кај вас имајте марамче. Овој знак секогаш се бави со исполнување на своите емоционални потреби, што е и причина на нивната несигурност. Освен што се плачковцизнаат знаат да се однесуваат како пијавици према партнерот. Досаѓаат, бараат постојано да им се искажува љубов и да им се кажува дека тие вредат многу. Затоа и телефонот ќе ви звони повеке отколку што треба. За да го избегнете тоа пуштете ги тие да се грижат за вас, или купите им маче или куче.

ЛАВ

Ако некој може да ги разубави лошите вести тогаш тоа е лавот.Нивните лаги се безазлени а приказните што ги кажуваат треба да ги прифатите со доза на резерва, тој сака да ги прави работите поголеми и оубави отколку што се, сака да ги прави работите гламурознии возбудливи. Освен тоа сакаат и да се фалат, а тоа е особина над која немаат контрола. Со нив никогаш не ви е досадно.

ДЕВИЦА

Проблем со девиците е што никогаш не се задоволни. Уверени се дека никогаш и ништо не е доволно добро. Големи перфекцонисти се и болно педантни. Освен тоа мана им е што анализираат се па и најмала ситница, затоа нивните критики не ги земајте здраво за готово. Доколку сте со нив навикнете се на тоа дека некој ви ја кажува вистината ма каква и да е.

ВАГА

Вагата секогаш изгледа како да едвај да чека да ви стане љубовник, причината е таа што сакаат да се во врска но имаат проблем со врзување едноставно не сакаат да се врзуваат со една особа. Никогаш нема да бидете сигурни дали нешто не е во ред затоа што се големи дипломати се смеат дури и кога одвнатре кипат. Вагите се пасивни агресивци кои пленат со шарм и убавина. Ако сакате вага потрудете се да направите рамнотежа и пазете да не се залепите за неа.

ШКОРПИЈА

Тајната на Шкорпијата е таа што имаат многу тајни кои никогаш нема да ги откријат. Ја чуваат својата приватност,но доколку им се отворите и им пристапите искрено тие ќе почнат да ви се отвараат. Доколку сами сакате да откриете кои им се плановите нема да ви успее. Немој да заборавате дека се многу љубоморни, не простуваат и не забораваат,а после флертот на партнерот ја раскинуваат врската.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците не кријат ништо за себе.Тие се отворена кнга и се многу искрени.Понекогаш заради тие нивни карактеристики се чини дека се без такт. Кога нешто не им се допаѓа често ја забиваат главата во песок, и така се штитат од непријатности. Овој знак има проблем со дисциплината и внимание, така да проблеми не им одговараат. Често се однесуваат како себични и неодговорни особи. Склони се кон изневерување, кое од партнерот вешто го кријат но на пријателките со задоволство им го кажуваат,и се фалат со љубовните успеси.

ЈАРЕЦ

Јарците понекогаш ги доживуваме како особи со ледено срце, но нив потајно ги интересира што мислиме за нив. Да би ги оствариле нивните цели напорно работат и никогаш нема да дозволат да дознаете како успеале да го остварат тоа што си го зацртале да го направат. Ретко кога се откачуваат, сепак тие се озбилни особи. Знаат да бидат озбилен љубовен партнер,а кога така ќе одлучат знаат и да ги возвратат чуствата.

ВОДОЛИЈА

Не ги сакаат лугето. Помалку се снобови,но тоа го кријат,се однесуваат така како што тие замислиле дека треба.Од навика вика не, нема да бидат среќни ако ги заробите. Ако сте во врска со Водолија запамтете дека тие функционират само према своите правила.

РИБА

Често се случува да Рибите не успеваат да постигнат хармонија помеѓу духовното и физичкото.Рибите се склони кон зависност на храна, книги,телевизија, дрога, секс.Многу се осетливи склони кон уметност.Верност према партнерот им паѓа тешко а тие сакаат партнерот да им е верен. Своите грешки лесно си ги опростуваат, но туѓите не.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi