
Доктор Колин Кемпбел го напишал трудот “The China Study“ каде азискиот начин на исхрана го преточил во план за слабеење. Така настанала Азиската диета.
Азиската диета не е наменета на одредена група луѓе. Едноставно е здрава и прилагодлива на сечиј вкус.
Примерно мени:
Појадок:
Варено просо во нискомаслено млеко и филџан зелен чај без шеќер, со лимон.
Ручек: варен интегрален ориз со додаток варен зеленчук по избор. Друга опција се печени компири и варено пилешко зачинето со лимон.
Ужина:
Филџан млеко, чај од камилица или зелен чај. За оние кои не можат да издржат само со чај, дозволен е еден портокал или грејпфрут.
Вечера:
Парче варено пилешко со брокули на пареа или друг зеленчук по избор.
Вечера број 2:
Ова важи за оние кои доцна легнуваат – филџан млеко или чај.
Менито не е прецизно одредено. Може да го менувате, но водете сметка за калориските вредности на оброците. Ова е пример за само еден ден од диетата, според кој можете да правите план за останатите денови.
Во менито можете да ги вклучите следниве намирници од кои ќе правите нови комбинации: печурки, печена риба, житарици со јогурт, урда, белки од јајце, кисело млеко, грст јатки за ужинка, варена пченица, леќа, грашок, боранија. Зеленчукот на пареа може да го замените со свежи салати.