
- Не сакате да излегувате
Совршениот принц се појавува на вратата само во бајките и холивудските филмови. Во животот, мора да се потрудите и за почеток излезете од дома. Не мора да „висите“ по клубовите, одете на кино, на курс, шетајте.
- Вие сте центарот на светот
Во ред е да се посветите на себе и да уживате во активностите кои ве прават среќни. Но, ако тоа го правите постојано, ќе дојде до ситуација да сакате да правите работи кои само вие ги сакате и кога ќе се појави потенцијалното момче, брзо ќе ве отпише.
- Премногу сте зафатени
Ова е реален проблем на 21-от век и неговиот ритам не притиска. Но, ако добро се организирате и си ги подредите приоритетите, ќе сфатите дека веројатно имате многу празно време кое можете да го пренасочите кон забава.
- Имате превисоки стандарди
Барате партнер кој е образуван, но не мудрува, ситуиран, а без змија во паричникот, духовит, но не се шегува на ваша сметка, романтичен, но не патетичен, нежен, но и груб кога треба, и секако згоден, но да не кисне во теретана. Ако сте и вие совршени само напред.
- Премногу сте агресивни и нетактични
Не е проблем што ќе кажете, туку како. Ако некого само што сте го запознале, немојте вербално да го нападнете како да е во ринг, и да посака веднаш да побегне. Намалете го тонот, спуштете ја топката, а расправиите оставете ги за моментот кога ќе го запознаете подобро.