Зошто мажите ги користат услугите на проститутките?

11 јули, 20150
5

Неретки се мажите кои плаќаат за секс. Но, зошто го прават тоа? Која е причината?  BBC објави интересен текст во кој истражува зошто мажите ги користат услугите на проститутките.

Поради кариерата, Фред немал време за состаноци и запознавања, па веќе шест години ја плаќа Лара да му прави друштво, во кревет и надвор од него. „Прв пат се најдовме на интернет, преку оглас”, вели Фред кој е во пензија. „Ја прашав дали сака да помне ноќ со мене во хотел”. Денес толку добро се познаваат и имаат доверба еден во друг, што Фред ги уплаќа парите на нејзина сметка преку интернет и пред да се видат. Фред живее во зафрлено рурално подрачје, со години работел полно работно време, кариерата му била на прво место, па како што вели, немал време да запознава луѓе и одлучил да плаќа за секс. „Не е само сексот во прашање, колку што е желбата да имате некој покрај себе”, вели тој. Лара и Фред се гледаат често и како пријатели. Таа оди со него и на годишен одмор, а Фред и тогаш и плаќа за услугите. На прашањето дали му смета тоа што Лара се гледа и со други клиенти, вели дека тоа е нејзина работа. Роберт бил во брак со години. Наместо да крене раце од бракот, што некогаш му проаѓало низ глава, решил да плати за секс. „Ја сум сексуално многу активен маж, а завршив во брак со жена која не уживаше вистински во сексот, дури ни во бакнувањето и гушкањето. Мојата сопруга е одлична како личност, одличен партнер, одлично се слагаме во сè, освен во креветот”, раскажува тој. И додека Роберт гледа на плаќањето за секс како начин да го сочува својот брак, Грехам во своите 30-ти години вели дека на тој начин сака да го избегне влегувањето во посериозни врски. Претходно, воопшто не помислувал дека некогаш во животот би можел да плати за секс. Сè се променило еден викенд во Амстердам, кога со друштво шетал по мрачните улици на градот. Им пришла девојка и им ги понудила своите услуги. Момците кои биле со него ја одбиле, но тој прифатил. „Не видов ни една причина зошто да ја одбијам. Беше неверојатно”, вели тој. Сајмон е срамежлив човек и имал потешкотии со состаноци со жените. Невиноста ја изгубил на 29 години, плаќајќи за секс. Но, никогаш не бил среќен поради својата одлука. „Имам силен сексуален нагон. Доколку немам секс некое време, се чувствувам одвратно”, вели тој. Сајмон сака да се гледа со иста жена, бидејќи така е поопуштен, отколку кога би бил со некоја нова. Во последните неколку години имал и неколку девојки и додека бил во врска со нив не посетувал проститутки. Се надева дека еден ден ќе биде во сериозна врска. За Роберт, сексот не е само интимна работа. Тој плаќа за секс за да ги задоволи своите фантазии. Себе се опишува како егзибиционист и како воајер. Брајан има 50 години и среќно е оженет. Вели дека за секс почнал да плаќа неодамна откако ја запознал својата сопруга. Вели дека во бракот му недостасува малку возбуда и дека води двоен живот. Неговото семејство не знае дека посетува проститутки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi