Зошто не смеете да спиете со вклучен телевизор или компјутер?

28 септември, 20150
01 copy

Во поглед на тоа како треба да спиете, научниците се едногласни, сонот треба да се одвива во потполн мрак. Кога сонцето изгрева и се појави дневната светлина рецепторите за светло му праќаат јасна порака на мозокот, време е за будење.

Кога ќе падне мрак, мозокот добива сигнал дека е време за спиење па се испушта хормонот за спиење. Ако во тој миг сте изложени на јак извор на светлина, ќе имате немирен сон.

Тоа е така затоа што светлото значајно влијае на телесните функции и ритамот на спиење и будност.

Немирниот сон кој потекнува од спиењето под светлина може да резултира со: поспаност, лошо расположение и тешкотии при будењето.

Невролошките истражувања покажале дека спиењето со запален компјутер, телевизор или пригушено светло доведуваат до лошо расположение.

Токму затоа треба да се ослободите од таквата навика.

Ако сепак не можете да заспиете без телевизор, тогаш наместете го да се гаси по одредено време за да ги намалите последиците од лошиот сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi