Рускиот ракетен систем земја-воздух наречен „С-400 Триумф“ е ноќна мора за авионите на НАТО од својата појава во 2007-ма година, а откако беше распореден во Сирија, стана ноќна мора и за турските авиони.
Зошто е тоа така, јасно може да се види на фотографијата објавена од Институтот за воени студии каде може да се види дека системот покрива домет од две воздухопловни бази во кои се наоѓаат силите на САД, односно 5 до 7 бази во кои се стационирани коалициски партнери на Американците.
Системот „С-400“ може да биде вооружен со ракети од среден дострел 9м96 (120 км), долг дострел 98н6 (250 км) и многу долг дострел 40н6 (400 км).
Може да погоди проектил кој лета со брзина од 4800 метри во секунда на 230 километри оддалеченост, а може да лоцира мети и на 600 километри оддалеченост.
Одлуката на Русија во својата база во Сирија да распореди најмодерен против-авионски ракетен систем С-400 предизвикува „значајна загриженост“ за американската војска. Неименуван американски функционер за AFP изјавил дека против-авионскиот ракетен систем „С-400“ кој Русија планира да го распореди во својата база во Сирија „претставува значајна закана за сите“.