WhatsApp воведува видео повици

28 декември, 20150
14

Најпопуларниот овогодишен додаток на популарната апликација WhatsApp беше поддршката за гласовни повици. Сега од Фејсбук кои што се сопственици на WhatsApp, планираат да воведат и опција за видео повици, по примерот на Messenger апликацијата.

Новата опција прво ќе ја добијат корисниците на WhatsApp за iOS уреди, а потоа ќе стане достапна и за Android платформите. WhatsApp 2.12.16.2 ја поддржува новата опција, а со оглед на тоа што само верзијата 2.12.12 е достапна на пазарот, тогаш видео повиците ќе се појават во некоја идна надградба.

Новиот WhatsApp ќе понуди поддршка за повеќе чет табови, што ќе овозможи брзо префрлување помеѓу нив. Новитетите очекувајте ги во наредните неколку недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *