10 работи што треба да ги кажете и направите да имате подобар орален секс

20 октомври, 20160
6

Една навистина згодна работа во тоа да ви пружаат орален секс е тоа што ви е устата слободна да зборувате и шефувате колку сакате. Тоа е благослов на многу начини. Не дозволувајте залудно да ја пропуштите оваа привилегија, туку искористете ја оваа прилика да му кажете на вашиот партнер точно што сакате и како го сакате. А во случај да ви е незгодно да му дадете на вашиот партнер прирачник за вашата вагина и клиторис, тогаш примете некои совети од жени кои имаат стратешки и ефективни начини да го добијат оралниот секс што го посакуваат и заслужуваат. Животот е премногу краток за лош орален секс. Побарајте и ќе добиете.

1. Давајте прецизни инструкции – пр. „горе, на лево, погоре, доле, на десно.“ Мажите не сакаат да бараат инструкции, затоа дајте им ги без да побараат.

2. Вметнете ги инструкциите во комплимент. Кажете нешто како, „обожавам кога правиш X, можеш ли тоа да го правиш?“ Доколку не сакате да му кажете на вашиот партнер дека нешто не ви се допаѓа и да направи нешто друго, едноставно преправајте се дека вашите инструкции се всушност комплимент. Тој нема никогаш да примети!

3. Мислиме дека сите мажи потајно сакаат да се шефува со нив во кревет. Кажете му точно што сакате. Тој можеби нема да ви каже дека го посакува ова, но го посакува. Или можеби сé уште незнае дека го посакува. Во секој случај, направете го тоа.

4. Претворете го вашето водење во предигра со тоа што ќе му кажете што сакате тој да направи дури и пред да се соблечете. Гледајте го тоа како пишување валкани СМС пораки. Дајте му конкретни инструкции за да се возбудите и двајцата, а потоа дозволете му да ви го пружи оралното задоволство.

5. Користете притисок. Ставете ја вашата рака на неговата глава и кога ќе направи нешто многу добро, притиснете го посилно, потегнете му ја косата – направете било што да покажете дека ви се допаѓа тоа што го прави во моментот. Доколку не сакате да употребувате зборови, немојте!

6. Познавајте ја разликата меѓу сите облици што може тој да ги направи со неговиот јазик. Широко и рамно се чувствува поразлично отколку кога е остро. Откривањето што ви се допаѓа повеќе може да ви помогне да му кажете точно што сакате. Ова е друго ниво на орален секс, но сериозно, јазикот е навистина зачудувачки мускул. Искористете го максимумот на неговиот јазик со тоа што ќе знаете што сакате да прави со него.

7. Буквално само нежно поместувајте му ја главата додека го доведете до местото на кое се чувствувате најубаво и оставете му ја таму. Секако, немојте да ја влечете неговата глава толку силно што ќе му го скршите вратот (тоа би била чудна причина да заврши во болница), но нежно притиснете или потегнете ја и поставете ја точно на правото место. Вие ќе знаете каде е тоа.

8. Доколку премногу ги менува движењата, како некој вид на орален рулет, чекајте додека да дојде на правото место и тогаш потврдете дека тоа ви се допаѓа. Нешто што го знаеме за мажите: тие многу сакаат да менуваат ТВ канали, а тоа понекогаш се пресликува во нивното однесување во поглед на оралниот секс. Натерајте го да се задржи на канал што ви се допаѓа и нека остане таму додека… знаете што.

9. Претворете ги инструкциите во валкан разговор. Кажете нешто како, „многу сакам кога го вртиш јазикот на мојот клиторис.“ Дури и да не го прави тоа баш во тој момент, тој најверојатно ќе почне да го прави тоа само затоа што знае дека ви се допаѓа. Ова е како обратна психологија. Кажете му на вашиот партнер дека ви се допаѓа тоа што го прави дури и да не го прави, и можеби ќе почне да го прави тоа.

10. Движете ги вашите колкови наоколу додека не допре неговата уста на добро место, а потоа кажете нешто за да свати тој дека е на добро место. Како, „да, баш таму“. Ако го направите ова, вашиот партнер ќе помисли дека го открил ова магично место сосема сам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma