11 најдобри паметни телефони на пазарот

11 јануари, 20160
17

Ако не сакате да купувате мобилен телефон којшто е на распродажба и го сакате токму она најдоброто што може на себе си да си го дозволите за сумата којашто ја поседувате, Business Insider состави листа од 11-те моментално најдобри мобилни телефони коишто се наоѓаат на пазарот.

11. BlackBerry Priv – За обожавателите на Android коишто сè уште сакаат стандардна тастатура.


10. Motorola Moto G – Одличен паметен телефон ако немате многу пари на располагање.

9. OnePlus 2 – Ако ги сакате мобилните телефони со голем екран, а притоа сакате и нивната цена да е примамлива, ова е вистинскиот избор за вас.

8. iPhone 6 и iPhone 6 Plus – Овие модели се помеѓу најдобрите мобилни телефони произведени оваа година.

7. Motorola Moto X – Одлична цена, перформанси и дизајн.

6. HTC One M9 или A9 – Гледано стилски, ова е најубавиот паметен телефон со Android оперативен систем.

5. Samsung Note 5 – Совршен апарат за оние на коишто мобилниот телефон им служи и за работа.

4. Samsung Galaxy S6 – Суштински кажано, ова е iPhone 6 за сите љубители на Android и Samsung.

3. Google Nexus 5X – Android оперативен систем, релативно ниска цена и нуди комплетно задоволство на сите можни нивоа коишто паметниот телефон може да ги овозможи.

2. iPhone 6S Plus – Ако моделот iPhone 6S ви е сепак премногу мал, земете ја поголемата верзија, без премногу да размислувате.

1. iPhone 6S – Според Business Insider, ова е најдобриот мобилен телефон на пазарот, за сите возрасти, корисници и потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber