
Дедо Мраз тргна на патување околу светот на кое на децата ширум светот ќе им остава подароци под елка.
Со помош на модерната технологија, сега можете во реално време да го следите Дедо Мраз и да видите каде се наоѓа во моментов.
Дедо Мраз може да го следите на телефони, таблети и декстоп благодарение на Гугл.
Дедото веќе со децении го следи и NORAD, организација која го чува американското небо. На нивната 3Д мапа можете да го посетите Северниот пол, но и да заиграте низа игри додека гледате каде е Дедо Мраз.