4 луксузни телефони кои не можете да си ги дозволите!

23 јануари, 20160
8

Често знаеме да се жалиме дека цената на новиот iPhone или Galaxy S телефон е превисока. Тогаш, што е со овие телефони?

1. Gresso Azimuth

Како и останатите телефони на компанијата, станува збор за лимитирана серија од 999 уреди кои се добиваат по нарачка. Цената е 2,000 долари за стандардната и 2,500 долари за верзијата со 18-каратно злато. Мора да ви напоменеме дека ова не е паметен телефон со Android, туку стандарден телефон изработен од титаниум и челична тестатура.

2. iPhone 6s by Gresso

Со цени од 3,000 до 5,000 долари, ова е претпознатлив телефон со непретпознатлива цена. Станува збор за лимитирана серија на iPhone 6s од Gresso, која е изработена од титаниумско куќиште, со лого изгравирано во злато.

3. Vertu New Signature Touch

Уште еден луксузен производител со својот најнов модел. New Signature Touch има почетна цена од 8,400 евра, која се качува до 18,000 евра. Телефонот е изработен од титаниум и керамички делови, поседува екран од сафир со големина од 5,2 инчи и задно куќиште од кожа по избор.

4. Kustom EGO

Kustom е луксузен производител од Шпанија, кој својот прв телефон EGO го продава за 8,977 евра (почетна цена). Компанијата ви нуди огромни можности за персонализација, како на пример 6 бои за титаниумското куќиште и избор на скапоцени камења (сафири, дијаманти и сл.).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber