4 причини зашто iPhone 6s Plus е најдобар!

2 февруари, 20160
3

Во долгата дебата на „Кој е најдобриот телефон на светот“, имаме четири причини според кои треба да го избереме iPhone 6s Plus. Да погледнеме…

Батеријата

Поголемиот екран од 5,5 инчи остава простор и за поголема батерија од 2,750 милиампер часови. Иако конкурентите можеби имаат поголема батерија, оптимизацијата на iOS 9 и новиот Battery Saver мод гарантираат дека нема да имате потреба секој ден да го полните телефонот.

 

Apple A9

Ова е малку потешко да се објасни – иако има помалку јадра и на хартија би требало да е послаб, сепак во бенчмарк тестовите новиот A9 чипсет на Apple е побрз од Snapdragon 810 и Exynos 7420. Секако, резолуцијата на телефонот е FullHD и ова помага во резултатите, но како целосен пакет ова е најбрзиот телефон на пазарот.

Серија 7000 алуминиум

Додека минатите модели имаа проблеми со превиткување, подобрениот дизајн и новиот алуминиум ви гарантираат издржливост. На тестовите се покажа дека може да издржи поголем притисок и од најдобрите телефони на Samsung.

 

3D Touch

Ова е нешто кое во моментот не постои на ниеден друг телефон. Екранот на iPhone 6s Plus има можност да го препознае притисокот со кој го допирате, а со тоа и цел еден нов систем на интеракција со телефонот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber