5 начини како да бидете заљубена и среќна

popara13 март, 20161min00
17

Без разлика дали сте во врска 3 месеци или пак 3 години, секогаш однесувајте се како штотуку да сте се запознале.

Сите ние сонуваме за убава врска, но ова не значи дека треба да излеземе од реалноста и да пртераме со гледањето романтични комедии. Нереалните очекувања се вистински рецепт како да не бидете заљубена и среќна.

Еве 5 работи кои мора да ги имате за да поседувате успешна врска:

1. Запознавајте се секој ден

Како врската станува поозбилна, двојките престануваат да си поставуваат истражувачки прашања со кои се запознаваат, бидејќи тие мислат дека веќе се разбираат еден со друг.

Секој ден вие како пар се развивате и менувате, па затоа есенцијално е да одвоите време да му поставите некое вакво прашање на вашиот партнер, покрај стандардното „како помина на работа“.

2. Не ја идеализирајте љубовта

Гледањето на филмови може да постават нереални очекувања, што може да доведе до непотребно страдање. Ова значи дека споредувањето на себе си со идеализираните ликови од филмови е рецепт за катастрофа.

3. Не барајте партнер како од насловна на магазин

Според една студија мажите кои се женети со поатрактивни жени се подобри во бракот. За разлика од нив кога во бракот поатрактивен е мажот тој не се залага многу за жената да ги постигне своите цели.

Она што ви треба е поддршката а не убавиот изглед од насловна страна. Без разлика дали вашиот партнер е мотивиран од вашето убаво лице или од некој друг квалитет, среќата е на страната на убавицата и ѕверот.

4. Останете девојка

Мажите кои се во врска со феминистки искусуваат поголема сексуална задоволност и стабилност во врската. Самоуверената борбена жена е многу поверојатно сама да иницира секс, а ниту еден маж не би се пожалил на тоа.

5. Внимавајте на алкохолот

Ова го спомнуваме бидејќи во денешно време се почесто гледаме девојки кои лудуваат до утринските часови и (едвај) си заминуваат дома, секако пијани.  Младите кои пијат многу алкохол се со помала веројатност да се венчаат и ги демне поголем ризик за разделба. Луѓето кои ги обожаваат забавите и ноќниот живот имаат многу повеќе проблеми со обврските и нивните врски често се нестабилни.

Па доколку сакате да бидете во квалитетна интимна врска, тогаш потребно ви е добро расудување и сочувство и затоа мора алкохолот да го држите под контрола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag