Сара Ангус е млада девојка која работи долги години по фризерски салони. За време на својата работа Сара поминала илјадници клиенти и направила исто толку фризури.
Оваа девојка во моментов е вистински хит на социјалните мрежи со видеото во кое успеа во многу кратко време да направи супер фризура и притоа истото да им го покаже на девојките.
– Косата е симбол на женственоста. Она што јас го сакам е да им помогнам на девојките ширум светот постојано да си прават различни фризури. Тоа е и причината што почнав да ги снимам овие видеа кратки видеа и да ги поставувам на мојот Инстаграм профил – вели Сара.
Освен на Инстаграм, Сара своето знаење со жените го споделува и на нејзиниот блог каде ќе дознаете многу совети за косата и за стилизирање на истата.