Спуштените капаци се физичка карактеристика која може само да се прифати и да се камуфлира најдобро што може.
Во таа цел ви помагаат овие 9 трикови:
1. Ако имате спуштени капаци, шминкајте дополнителен лак на местото каде очниот капак се преклопува. Пожелно е тој да биде во некоја весела, светла боја.
2. Никогаш, ама баш никогаш не правете дебела линија со тушот за очи.
3. Добра алтернатива на тушот за очи е црното моливче нанесено на коренот на трепките, за нивно згуснување.
4. Исто така, не се грижете ако линијата од тушот за очи не е идентична или права. И онака половина линија е под капакот.
5. Избегнувајте светкави и темни сенки на надворешиот агол од окото.
6. Наместо нив, користете матирани сенки во неутрални бои кои ќе го направат окото визуелно поголемо.
7. Барајте и користете само квалитетни, водоотпорни тушеви и маскари.
8. Исто така, инвестирајте и во прајмер за очи, за сенката да не се растекува.
9. Одбирајте трепки кои се поретки и имаат поприроден изглед. Густите трепки на спуштени капаци се големо не.