Овој викенд, многу делови од САД се погодени од рекордно ниски температури за ова доба од годината. Кога нешто такво ќе се случи, веднаш следи типично приговарање на луѓето на социјалните мрежи.
Иако луѓето имаат право да се жалат и приговараат на временските неприлики, никој од нив не го искусил вистинскиот хорор кој се случува на Антартикот. Временската непогода во која дуваат ветришта со брзина од над 100 километри на час, а температурата изнесува -60 степени, е нешто што никој не би сакал да го доживее.