Иако веќе долго време не користи брич, актерката Мишел Родригез им вети на фановите дека пред Нова година ќе ги среди пазувите. Меѓутоа, Мишел не го испочитува договорот.
Актерката моментално ужива во Мексико. Наспроти згодното тело, вниманието на многумина им го привлекоа неуредните пазуви. Само за потсетување, Мишел некое време веќе не користи брич, на што е горда.
“Ми пораснаа влакна под пазувите, баш ми се допаѓаат”, напиша таа под фотографијата на Инстаграм.
На фановите овој потег воопшто не им се допадна, па Мишел вети дека ќе ги среди наскоро.
Меѓутоа, актерката не е осамена во овој потфат. И пред неа многу познати актерки и пејачки, по своја волја или случајно, ги покажаа влакнестите пазуви, и тоа најчесто облечени во вечерни фустани на црвениот тепих.