Американскиот експерт за безбедност, Тајлер Роговеј, смета дека рускиот противвоздушен систем “S-400” е речиси неуништлив.
Роговеј предупредува дека тој систем е толку квалитетен што не може да биде уништен ни од американскиот авион “Boeing EA-18 Growler” ниту било кое друго вооружување ако нема поддршка.
Според него, на рускиот “S-400” може да му конкурира само сложен систем кој опфаќа средства со радио-електроника, набљудувачки системи, како и разгледување на сите можни планови за напад.
– Системот “S-400” поседува единствени борбени способности и речиси е неуништлив. Рускиот ракетен систем посебно е опасен кога претставува дел од комплексен состав на противвоздушна одбрана – прецизирал Роговеј.
Војската на САД неколку пати покажала загриженост по одлуката на Русија во својата база во Сирија да го распореди противавионскиот ракетен систем “S-400”.
Еден американски службеник објаснува дека тој систем “претставува голема закана за сите”.
“S-400 Triumph” е противвоздушен систем кој користи проектили земја-воздух и може да ги собори сите видови на летала – од авиони до балистички и крстаречки проектили.
Системот истовремено може да следи околу десет мети, а дострелот изнесува до 400 километри.
Истовремено, системот може да соборува мети на висина од 30 километри. Целиот систем е сместен на мобилни воени возила, а може да се постави и да се активира за само пет минути.